Изненаден сум и разочаран како млад човек кога ги читам тенденциозните наслови во порталот Инфомакс.
Сепак како семејство секогаш сме биле, сме и ќе бидеме на страната на вистината и за истата ќе се бориме и ќе даваме несебична жртва.
За таа цел ги повикувам надлежните институции да постапат веднаш и да се уверат дека таков инцидент не постои, затоа барам да се расчисти оваа магла и да се спречи оваа хајка и ширење на лажни вести поврзани со менен и моето семејство, а за наводниот инцндент во скопски локал барам снимките и јавно да се објават.
Ги повикувам порталите по завршувањето на работата веднаш да се извинат јавно и истите објави да ги тргнат од медискиот простор.
Како млад човек застанувам силно зад слободата на говор и правото на слободен збор, но во исто време и жестоко би се спротиставил на секоја лажна вест која има за цел да наштети мене или на било кого.
Фејсбук статус на Панче Заев.