НУКЛЕАРНА БОМБА НА ПОРТАЛОТ ,,ИНФОМАКС” – ДИМОВСКИ Е ФАТЕН ЖИВ СО НОВИ БУДАЛАШТИНИ, ПОРТАЛОТ ,,ИНФОМАКС” ОБЈАВИ ДОКУМЕНТИ ЗА ТОА КАДЕ ТОЈ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ ФАЛСИФИКУВАЛ ДОКУМЕНТИ И СО ТОА НАПРАВИЛ КРИВЧНО ДЕЛО!

0
1296

Насекаде низ светот синдикатите се оние кои се во првите борбени линии со крупниот капитал, оние кои се чувари на правата на работникот, само во Македонија синдикатите служат за лично богатење и привилегии.

Дарко Димовски го претвори Сојузот на синдикати на Македонија во друштво со ограничена одговорност на едно лице, користејќи ја синдикалната функција за свое лично богатење во период кога во Македонија се спроведуваше најголемиот политички прогон во историјата, пандемија, масовни отпуштања од работните места и ускратување на работничките права.

Реакцијата на ССМ отсуствуваше во целост, со единствена цел Димовски како послушник да остане на позицијата.

За трагедијата да биде уште поголема Димовски доаѓа на чело на ССМ нелегално, спротивно на законите, деловниците и Уставот на синдикатот за што ќе читате во продолжение.

Димовски е нелегитимен претседател на Сојузот на синдикати на Македонија за што постојат повеќе пресуди, одлуки, но и реакции од релевантни странски институции кои лично се запознаени со измамата и насилната промена на раководството во ССМ.

Агонијата во ССМ започнуваат пред шест години кога од тогашната техничка министерка Фросина Ременски, Димовски е избран за ВД претседател на синдикатот на на нелегитимен начин, кој е спротивен на темелната Конвенција 87 за слобода на синдикално здружување, за што веднаш уште тогаш реагирала и светската Федерација на синдикати.

Од организацијата било итно побарано бришење на Димовски од Централниот регистар како ВД претседател на ССМ враќање на тогашниот и актуелен легитимен претседател на синдикатот, Живко Митревски.

Имено Митревски е променет од позицијата од страна на Ременски без притоа да има потпис од нејзиниот заменски министер решение кое соогласно договорот за Пржинска Влада е ништовно бидејќи се работи за систем на врзан потпис. За вакви неправилности, односно недостаток на врзан потпис се поништени над 20 други решенија во министерството за внатрешни работи, а во самото министерство со кое ракводи тогаш Ременски се поништени 25 решенија бидејќи истите се потпишани само од техничкиот министер, но не и од неговиот замник.

По тужба од страна на Митревски, Вишиот управен суд носи пресуда со која се прифаќа тужбеното барање, но никогаш истата пресуда не е извршена.

Во 2020 година Вишиот управен суд донесе пресуда со која се уважи неговата тужба и се поништи решението на Комисијата за жалби на Република Македонија од септември 2017та година.

Пресудата се темели на констатација дека Централниот регистар нелегално го запишал Димовски за в.д. претседател на ССМ, иако претходно врз основа на забрана на Јавен обвинител донел забрана за упис.

Правосудниот систем покажа дека станува збор за нелигитимна промена на претседателот на ССМ, Митревски и дека целокупна постапка е резултат на доведување во заблуди и измами на низа институции и МТСП.

За иронијата да биде уште поголема во моментот кога Димовски нелегално е избран за претседател на ССМ тој не е ниту член на синдикалната организација.

Дополнително севкупно 14 гранкови синдикати, од вкупно 18, со потпис и печат и со јасно изјаснување кажуваат дека таков состанок за промена на Митревски никогаш не се случил и целата лакрдија се темели на акт кој е спротивен и на Статутот на ССМ, спротивен и на закони, спротивен и на Законот за Централен регистар, кој морал да води сметка за несоодветниот упис.

Имено наводниот конгрес за смена на Митревски впрочем никогаш и не се случил, односно се работело за средба во ресторан на која дел од присутните воопшто и не биле делегати во ССМ, а потпис бил ставен на обичен бел лист хартија.

Светската федерација на синдикати и Европската конфедера на синдикати повеќе пати упатила писма и до премиерот и до министерот за труд и социјална политика, писма во кои се наведува дека директно е повредено правото за автономија во синдикатите, дека е повредена конвенцијата 87 и дека со решение на министер не може да се менува претседател на синдикат.

Од релевантните институции заклучуваат и дека има фалсификувани документи кои укажуваат дека не постоела никаква постапка за промена на Митревски.

Се поставува логичното прашање зошто се одело до оваа крајност да се прекршуваат закони, деловници, да не се почитуваат пресуди и да не се постапува по истите. Одговорот е кус и едноставен се работи за многу пари.

Со децении синдикалните лидери наместо за правата на работниците, повеќе се заинтересирани за позициите преку кои се обогатуваат, а тоа им одговара на политичките партии кои ги контролираат овие луѓе како со случајот на Димовски. За партиите контролата врз синдикалниот лидер е најлесниот начин да го контролираат со синдикатот.

Синдикатот се финансира од членарината на работниците, а тоа најчесто е еден процент од нивната плата, додека синдикалниот лидер како во случајот со Димовски се богати од нивните тешко заработени пари, притоа не извршувајќи ја својата примарна задача за заштита на интересите на работниците.

Најлесно за илустрација како Димовски се богати изминативе пет години преку грбот на работниците е да се увиди дека тој лично зема плата од четири места, да одлично прочитавте истовремено Димовски зема четири плати.

Димовски како претседател на ССМ зема плата од над 50 илјади денари, но во исто време тој е претседател и на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија од каде зема плата од над 60 илјади денари. Приходи од над 10 илјади денари, Димовски има и како член на управен одбор во АВРМ.

Димовски е на чело и на СИН-АГ ССМ ДООЕЛ, претпријатие кое стопанисува со имотот на ССМ од каде претседателот на ССМ зема пата од 60 илјади денари месечно.

Се на се, Димовски само по основ на платен надоместок заработува над 3 илјади евра месечно, а функцијата претседател на ССМ и раководењето со СИН-АГ ССМ ДООЕЛ е неспоива бидејќи претставува класичен судир на интереси во којнДимовски како претседател на ССМ одлучува што да се прави со имотот на синдикатот, а потоа како дел од СИН-АГ ССМ ДООЕЛ ги спроведува одлуките.

Во случајот со Димовски има и други индиции за криминал и корупција и злоупотреба на неговата позиција како претседател на ССМ. Според нашите информации сите настани кои ги организира ССМ земаат кетеринг од пицеријата во која управител е сопругата на Димовски, Лила Димовска. Истата таа Лила Димовска која земала плата, а не се појавувала на своето работно место во Водовод во кое Димовски најави штрајк.

Да Димовска своето работно време го поминувала во фамилијарниот бизнис, пицерија во населба Радишани.

Јасно е зошто Димовски не почитува одлуки на суд, но и зошто бил подготвен да фалсификува документи, конгреси само за да дојде до позицијата претседател на ССМ.

Пари, привилегии, набавки и тендери, наместо работнички права, повисок животен стандард и достоинството на работникот.

Извор : Инфомакс.МК