Се појавил редок Покемон: Општ хаос и стампедо во Тајван

0
1500
Аналитичарите тврдеа дека популарноста на играта Pokemon GO ќе опадне, но ова видео дефинитивно го докажува спротивното. Покемон лудилото ширум светот продолжува…

Pokemon GO играта е феномен во секоја смисла на зборот кој е тешко да се објасни, но очигледно станува збор за феномен кој што трае.

Неодамна една апликација ја симна играта Pokemon GO од листата на најпопуларни апликации на пазарот, а аналитичарите најавуваа пад од 20 проценти на активни играчи на дневно ниво. Но, кога ќе го погледнете видеото подолу, ќе се уверите дека Pokemon GO и натаму е огромен хит ширум светот.

Во главниот град на Тајван, големо „Покемон стампедо“ буквално го сопре градскиот живот, сообраќајот и се останато – огромен број на луѓе како хипнотизирани започнале да трчаат низ улиците бркајќи редок Покемон кој што сосема неочекувано се појавил.

Локалните медиуми пренесуваат дека стотици луѓе секојдневно се опседнати со Pokemon GO, но никој не видел толку голема маса на луѓе низ градот. Според тамошните медиуми, во трката за реткиот Покемон учествувале локалните жители, но и бројните туристи, како и неколку полицајци.