СЕ ОГЛАСИ ЉУБЕ БОШКОВСКИ ПО НОВАТА БОМБА ЗА ЗАЕВ: ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев

0
1014

Во врска со објавениот разговор, сакам да изјавам дека:

ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев.

Груевски и Мијалков газеа врз моето достоинство, не Заев.

Јас сум во коалиција со Заев и три години влакно не ми фали.

Заев е човек со историска демократска големина во себе, затоа што иако на политичката оска сме различни, тој докажа дека правдата и македонскиот патриотизам се над политичката идеологија.

Време за довршување на демократизацијата на земјата, за да може да имаме чиста, европска борба на идеи и идеологии.

Фејсбук статус на Љубе Бошковски.