СЕ ЗБИВААТ РЕДОВИТЕ ПРОТИВ ДИКТАТУРАТА НА ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ утре ќе го одржи 20-от конгрес на партијата!

0
1617

Утре Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе го одржи 20-от Конгрес на партијата.

Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар Палас” во Скопје, со почеток во 12:00 часот.

Говорите и обраќањата во првиот дел од Конгресот ќе бидат отворени за медиумите и јавноста, па ќе следува затворен работен дел, а Конгресот повторно ќе биде отворен за јавност кога повторно ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, објавувајќи ги заклучоците и одлуките на делегатите.

Овој конгрес ќе биде програмски, односно делегатите треба да ја усвојат изборната програма на партијата за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.