СЕ ВМЕШАА И АМЕРИКАНЦИТЕ, СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ГИ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА ГИ РЕШАТ СПОРОВИТЕ

0
427

САД ги повикуваат Бугарија и Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови.

Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје.

„Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата“, се вели во изјавата од Стејт департментот.

Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид.

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија сѐ додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во Македонија.

Од македонското МНР синоќа информираа дека бугарскиот амбасадор, сепак, се враќа на своите дипломатски должности во Скопје во полн капацитет.