Сефер Цаноски: “Миле ми текна ” повторно се во акција – Овојпат за зграда од околу 27 000 м2 која постои повеќе од 10 години во сопственост на истата фирма која го градеше и КОСМОС

0
1177

Овојпат за зграда од околу 27 000 м2 која постои повеќе од 10 години во сопственост на истата фирма која го градеше и КОСМОС каде наводно немало чиста документација или чист имотен лист.

Да им одговорам дека се е кристално чисто и не е отстапено ниту еден цм од основниот проект, ниту во делот каде што се наоѓа студентскиот дом , ниту пак делот за образование.

Додека за тој мал дел што го спомнуваат од зградата за образование на ФОН каде што тврдат дека е спорен (скали и покривање на тераса на едното крило што не се појавувале на имотниот лист) уште пред 5 години е доставено барање за легализација уште во време на акцијата за легализацијата која самата држава ја овозможи.
Општина Гази Баба која од моментот на рушењето прекина да комуницира со фирмите поврзани на Фијат Цаноски и решението за легализација на овој дел го држеше во фиока а се гледа денес и за какви цели и зошто и после 5 години не го завршуваат овој мал дел од околу 700 м2 скали и покривање на тераса.

Дали законите во оваа држава важат за сите граѓани подеднакво или само за оние кои се дел од власта ?

Имотот и се што имаме како документација им ја ставаме на располагање на сите институции кои се надлежни за оваа работа.

Од една страна ги разбираме зошто го прават ова бидејќи огромната штета која ја нанесоа пред 5 години во случајот КОСМОС излезе на виделина каде сите чувме и видовме на кој начин и до каде се спремни овие исти луѓе да одат во лудоста и нечовечноста.

Овојпат веројатно им боде очи новиот концепт на студентски град и новата стратегија на светско образование кое основачот на ФОН ја наметна во Република Македонија.
Но како и да е, нивното време завршува и овие очајнички обиди да се наштети на имиџот на Фијат Цаноски и неговите бизниси само потврдуваат дека овие луѓе не и мислат добро на иднината на Република Македонија.

Но дојде време да си ги платат сметките за нивното дивеење и штети направени врз индивидуи и компании. Стравот од СЈО и од судот од Стразбур е разбирлив и очекуваме ваквите напади кон сопственикот на оваа компанија да продолжат познавајќи го нивниот зол начин на размислување.

Нажалост Република Македонија и нејзините граѓани ќе треба да ги платат овие нивни лудории со големи суми на средства како отштета за се направеното.
Додека на сите медиуми кои пишуваат невистини ќе им бидат поднесени кривични пријави за кажување невистини.

Сефер Цаноски
фејсбук статус