Сепак Јасминка Јаневска не е новиот портпарол на новата влада, Миле Бошњаковски е именуван за портпарол на Владата

0
1871

На 14-та Седница на Владата на Република Македонија, што се одржа денеска, донесени се повеќе заклучоци и одлуки во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Во интерес на транспарентно и навремено известување за активностите на Владата на Република Македонија, на денешната владина седница беше одлучено Миле Бошњаковски да ја извршува функцијата портпарол на Владата на Р.Македонија.

Беше заклучено дека огромното искуство и професионалниот капацитет што Бошњаковски ги поседува во областа на комуникациите, е цврста гаранција за понатамошното транспарентно, навремено и отчетно информирање на граѓаните за активностите на Владата на Република Македонија.сл-1