Семејството Заеви донира опрема вредна 100.000 евра за справување со коронавирусот

0
906

Семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, донира опрема вредна речиси 100.000 евра до Министерството за здравство, како помош до здравствените институции за полесно и побрзо справување со кризата со коронавирусот.

Една фирма на семејството Заеви во два наврати донирала повеќе опрема за здравствените установи. Во првиот пакет, фирмата донирала 5.000 болнички чаршафи во вредност од 25.000 евра, а во вториот пакет донирала 3.000 скафандери, 2.000 визири и 25.000 заштитни маски во вкупна вредност на пакетот од речиси 75.000 евра.

Помошта е доставена до Министерството за здравство кое како надлежна институција ја распоредува опремата понатаму онаму каде што има потреба.

Една фирма на семејството Заеви која се занимава со конфекциски дејности, изразботува заштитни скафандери и ги донира на билницата во Струмица но и на околоните болници. Вакви донации редовно се обезбедени и за приватните здравствени организации во овој регион.

Претходно, семејството Заеви подготви и достави 700 пакети помош со прехрабмени продукти преку општинските кризни штабови за граѓаните од најпогодените градови од коронавирусот како Дебар и Куманово. Помош од околу 1.500 пакети семејството Заеви поделија и за нивните сограѓани во Струмица, но и во други градови.

Извор: Makfax