Селото гори Прекопуца се чешла : Потпретседателот на ДИК Прекопуца на десет дневен пат во странство!?

0
1475

Потпретседателот на Државната изборна комисија ангажиран од редовите на експертите Реџеп Прекопуца замина на пат велат за Фокус извори од ДИК.

Членовите на ДИК што ги консултирале од Фокус велат дека не знаат каде заминал Прекопуца, а неофицијалните информации се дека тој е во Германија и нема десет дена да биде во Македонија.

„И нас нѐ зачуди оваа информација, бидејќи си заминува во време кога треба да носиме клучни одлуки“ велат некои од членовите.

Државната изборна комисија има девет члена, и проценка е дека гласањето за тоа дали може да се оди на избори со само една кандидатска листа сега е доведено во прашање, бидејќи би можело да дојде до ситуација на еднаков број на гласови, доколку Прекопуца не учествува во гласањето. Прашање е и дали нему ќе му се даде право на глас, на евентуална конференциска врска.

Во одсуство на Прекопуца, има осум, проценката е дека ако се гласа за оваа одлука односот на силите би бил 4:4. Се претпоставува дека претседателот на ДИК, двата члена од СДСМ и членот од ДУИ би гласале дека нема услови да се оди на избори на 5 јуни само со една листа, а двата члена од ВМРО ДПМНЕ, членот од ДПА и третиот експерт би гласале дека може да се оди на избори и со една кандидатска листа.