СЕКОЈ ДЕН НОВА ЛАГА КОЈА ПУКА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА: Oпозицијата обвини дека 20.000 граѓани имаат по два матични броеви, МВР објасни дека повеќето веќе се поништени

0
750

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА 20.000 ГРАЃАНИ ИМААТ ПО ДВА МАТИЧНИ БРОЕВИ

Џадин Адемовски лицето за кое се тврдеше дека е лажниот идентитет на член на турскатa мафија Џедат Пекер има практично два матични броеви. Едниот на негово име со адреса во Чаир, другото на извесен Џеладин Адемовски од Сарај. Двата матични броја се идентични во првите десет броја, а различни се само последните три броја.

Аферата наречена Мафија 2 денеска ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на брифинг со новинари. Од партијата тврдат дека имаат сознанија дека во Македонија постојат над 20.000 лица коишто имаат по најмалку два матични броеви. Демонстрираа примери како овој, во кои едно исто лице со два различни матични броеви го има два пати во избирачкиот список во земјава. Прашуваат дали овие лица со двоен идентитет можат да ги злоупотребат државните институции, банките преку отворање трансакциски сметки, но и за злоупотреби при кривична одговорност.

„Со скандалот Мафија 2 се открива како на едно исто лице му се издадени два матични броеви каде што според проверките во избирачкиот список истото лице е регистрирано еднаш со вистинското име, вистинска адреса, а вториот пат е регистрирано на друго лице во друга општина. Ова е класична злоупотреба на институциите и тежок криминал пред се за гласање на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

МВР ИЗЛЕЗЕ СО ОБЈАСНУВАЊЕ

Проблемот со двојните матични броеви почнал во 1981 година, најголем дел се поништени, велат од полицијата.

Министерството за внатрешни работи по денешниот брифинг за медиуми на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, ја информира јавноста дека ваквата појава започнала во 1981 година и дека по откривањето на истото, веднаш е пристапено кон поништување на овие матични броеви.

Велат дека оваа постапка веќе подолг период е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени. Од МВР велат дека изјавата дека во Република Северна Македонија има 20.000 дупли матични броеви е неоснована и неаргументирана, имајќи ги в предвид евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи.