СЕГА ФАЛАТ УШТЕ ТРЕНДО, МИА КОСТОВА И ВАНКОВСКА И НЕМА ДА ИМА ВЕЌЕ ЛАЖНИ НЕУТРАЛКИ – КЛЕКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА ВЛЕГУВА ВО РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ПРЕД НЕГО ТОА ГО СТОРИЈА БЕТМЕН И СИЉАНОВСКА

0
894

Политичкиот аналитичар Сашо Клековски, кој дваесетина години е на раководни позиции во граѓанскиот сектор, ќе влезе во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој за Фокус потврди дека ќе стане дел од раководството на опозициската партија и најави дека изјава ќе даде по завршувањето на седницата на Централниот комитет, пред кој партискиот лидер ќе предложи нови членови на ИК, како и потпретседатели.

Инаку, веќе објавивме дека нов член на ИК ќе биде и докторот Ристо Симеонов, а нови потпретседатели, покрај Александар Николоски и Владо Мисајловски, ќе бидат градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Клековски е меѓу последните лажни неутралци кои со години глумеа лудило и ја релативизираа диктатурата на Груевски или пак ставаа знак на равенство меѓу СДСМ и ВМРО со цел да воведат збунка во јавноста и да го убијат секој порив за револуција против режимот.

Последни лажни неутралки во јавноста останаа Миа Костова, Трендо и Ванковска. Пред Клековски, маските ги фрлија Бетмен Велит и Гордана Сиљановска.

Освен трендот на лажни неутралки кои ги фрлаат маските, овој период се случува и друг феномен, РЕКЕТ БОРЦИ, како на пример Милчин или Геровски кои поради револт што не го добиле она што им било ветено или што го очекувале од СДСМ стануваат од најголеми левичари во најголеми небањати десничари, речиси преку ноќ, свртување за 180 степена и тоа у пуна брзина под пун гас, што би рекол Ѕинго со славната изрека – КОЧИ ЛАТАСЕ, ИСПОПАДАСМО У КРИВИНУ, или пак уште една негова славна изрека ПРЕСКАКАЈ ГУ ОГРАДУ, ПАЗИ ГЗ ДА НЕ ИСЦЕПИШ!