СЕАД КУРТОН ИБИЦА ТВ НА СЕАД КОЧАН СЕ РАСПАЃА : УШТЕ ЕДЕН КУРТОН СИ ДАДЕ ОТКАЗ ДОДЕКА ПРЕТХОДНО ГО ПРАВЕШЕ НАРОДОТ МАЈМУНИ!!!

0
3340

Гоце Михајлоски заминува од  телевизија Нова на бизнисменот Сеад Кочан. Веста дека дал отказ ја објави на Фејсбук.

„За жал, голем дел од јадрото професионални новинари кое ми даваше надеж дека еден ден ТВ Нова ќе стане „македонски CNN“, последните неколку месеци ја напушти куќата и со тоа трајно и неповратно го урна сонот. Кога прифатив да бидам дел од тимот, силно верував дека е можно да се биде пристрасен, но професионален медиум. Да се биде „провладин“ или „опозициски“ во изборот на темите не е грев, доколку се запазуваат професионалните стандарди и етичките норми во известувањето. Впрочем, така функционираат поголемиот дел од медиумите во пазарните општества – едноставно секој сопственик има одредени политички и бизнис интереси и легитимно е да се обидува да ги наметне во јавниот дискурс. На новинарите е да внимаваат тоа да биде согласно правилата, да нема лаги и клевети, а дали и колку медиумот ќе успее да се наметне во јавноста одлучува господарот на далечинскиот – гледачот. Тој што треба и мора да биде неутрален и целосно избалансиран, според моето мислење, е единствено Јавниот сервис, кој се финансира со пари на сите граѓани. Борбата ние да бидеме професионални во рамки на уредувачката политика, ја водев неуморно секој ден. За жал, некогаш политичките влијанија беа посилни од нас“ – напиша Михајлоски.

Да се потсетиме на Гоце Михајлоски кога продаваше ВМРОВСКА пропаганда на Сеад КУРТОН Ибица ТВ и кога се обидуваше да го направи народот мајмуни додека државата прерасна во диктатура по КАМБОЏАНСКИ терк :