СДСМ ЌЕ ЈА ДАДЕ НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КУМАНОВО НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

0
2379
СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро.
Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.
За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес.