СДСМ: Ќе овозможиме на граѓаните да отворат фирма со само 1 евро влог!

0
1133

„Ќе им овозможиме на граѓаните да отворат сопствена фирма на брз и едноставен начин, со само 1 евро влог.

Ова е еден од начините како ќе им помогнеме на граѓаните кои немаат работа, а имаат идеја, да работат.

На овој начин ќе стимулираме да се отворат и повеќе нови домашни фирми.

Нашите економски политики се темелат на поддршка на домашните мали и средни претпријатија. Целта ни е да поттикнеме услови да се отворат нови и подобро платени работни места за граѓаните.

Затоа освен преку оваа мерка, ќе мотивираме отворање нови домашни компании и во стар ап центрите што ги планираме. Таму домашните фирми, во првите години од формирањето, додека да застанат на нозе, ќе добијат од државата бесплатен деловен простор и обезбедени услуги како што се сметководство, архива, одржување.

Ќе овозможиме и кредити до 15.000 евра за отворање микро бизнис со само 1 процент годишна камата.

Сето ова на што се обврзавме во Планот за живот е спротивно да политиките на досегашната власт којашто го уништи домашното стопанство. Затворија најмалку 10.000 фирми. Секоја трета фирма е со блокирана сметка.

Неодговорната власт во заминување ги понижуваше домашните фирми со 2 евра годишна поддршка по фирма.

Ние силно ќе ги поддржиме домашните фирми со државна помош 100 пати повисока од сега. Во првата година таа ќе изнесува 20 милиони.

За силни домашни претпријатија и економија во интерес на граѓаните потребна е нова и одговорна Влада која ќе води реални политики.

Од 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, се вели во соопштението на СДСМ.