СДСМ ЌЕ ГО ШИРИ ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО СО НОВИ КОАЛИЦИИ, НА ЦО ВО СДСМ ЗАЕВ ГИ ИСКАРА МРЗЕЛИВИТЕ МИНИСТРИ И ФУНКЦИОНЕРИ И НАЈАВИ НИВНА СМЕНА!

0
1407

Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја одржа петтата седница. Членовите на Централниот одбор дискутираа за актуелната состојба во државата, спроведувањето на реформите, политиките за подобар живот на граѓаните, зголемување на животниот стандард и внатрепартиските активности.

Во своето обраќање пред членовите на Централниот одбор, Зоран Заев најави дека започнува разговори со други политички субјекти за зголемување на парламентарното мнозинство.

„Оваа недела започнувам разговори за зголемување на парламентарното мнозинство. Целта е, преку разговор со други политички субјекти да обезбедиме поширока поддршка на реформскиот процес и на реализација на Планот 3-6-9. Во оваа насока оставаме простор, преку политички дијалог и со опозицијата, клучните закони, за коишто е потребно пошироко мнозинство, да бидат донесени и со учество на опозицијата“ порача Заев.

На седницата, беа избрани и тројца нови членови на Централниот одбор кои пополнија дел од испразнетите места.  Костадин Костадинов, Андреј Жерновски и Чедомир Саздовски се избрани за нови членови на Централниот одбор.

На седницата беше усвоен Годишниот финансиски извештај за работата на партијата за 2017 година и беа дефинирани следни чекори на внатрепартиско делување.