СДСМ ШТИП : СОВЕТОТ ИЗГЛАСА НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 100 МИЛИОНИ ДЕНАРИ И ПОСКАПУВАЊЕ НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА ЗА 100%

0
574

Дел од одлуките кои ВМРО-ДПМНЕ ги носи на Совет на Општина Штип.

➡️ Одлука за продажба на општински имот.
➡️ Одлука за земање кредит и задолжување на граѓаните за 100 милиони денари.
➡️ На денешната 15 седница на Совет на Општина Штип, ВМРО-ДПМНЕ гласаше ЗА покачување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад на територијата на Штип, за над 1️⃣0️⃣0️⃣ %.

ВМРО – ДПМНЕ да одговори на граѓаните, која е оправданоста на оваа одлука, кога хигиената во градот е на најниско ниво и ЈП “Исар” не ги врши услугите за кои граѓаните издвојуваат дел од своите средства.
Дали ова е новата иднина за Штип?