СДСМ: Црните лампиони најдобро прилегаат во кабинетот на Мицкоски, човекот што им наметнува црнила на младите од ВМРО-ДПМНЕ

0
1095

Опседнат со црнила, Христијан Мицкоски им наметнува црнила и на младите од подмладокот од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Подмладокот на Мицкоски ја погрешило адресата, црните лампиони треба да ги закачат во скапоцениот дворец на најбогатата партија во Европа и токму во неговиот кабинет, на Мицкоски, бидејќи таму најдобро прилегаат. Тоа е адресата за сите 11 годишни црнила во којашто беше завиена државата, црнила кои беа силно поразени од граѓаните.

Најголемото црнило беше 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога младите беа целосно заборавени, маргинализирани и игнорирани. А во тоа црнило светлина единствено гледаше раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник на Груевски, Христијан Мицкоски, кога впрочем и ги добил бизнисите со хидроцентралите.

За разлика од таквиот однос на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, денес, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со младите и гради квалитетни младински политики.

Гаранцијата за млади, зголемените средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци се само дел од мерките превземени во интерес на младите.