СДСМ : Уште една потоната лага на опозицијата, 33 милиони денари вреди целиот проект на местото кај што ВМРО-ДПМНЕ сакаа да градат шпански скали

0
791
Не престануваат лажните вести и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.
Истата таа партија која безмилосно ги трошеше парите на граѓаните на евтини проекти од стиропор, жални врби, палми, градски плажи, галии, споменици од проектот Скопје 2014 и што уште не,  денеска зборува за расфрлање на пари од страна на градската власт.
Неспоредливо и немерливо е што направи ВМРО-ДПМНЕ за своите 11 години владеење и СДСМ за досегашните 3 години.
Матни зделки и тендери и нереални милионски суми е она што го одбележува времето на ВМРО-ДПМНЕ како власт, а лажните вести се нивно обележје кога се опозиција.
Заради таквото криминално расипништво на ВМРО-ДПМНЕ, денес се водат и бројни судски случаи и се бара одговорност.
Токму тревникот на плоштадот е местото кое во време на ВМРО-ДПМНЕ беше продадено и на него беше стекната приватна сопственост. Нечуено и невидено е на сам плоштад на главен град да се отуѓи државен имот и да продаде на приватно лице.
И зад таа продажба стои уште едно расипништво на ВМРО-ДПМНЕ, проектот „Шпански скали“ која вклучува 20 метарска зграда, проект кој беше еднострно раскинат од Владата предводена од СДСМ.
Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ е и вредноста на тревникот од милионски суми на парцелата која поради тоа што е приватна сопственост Градот не може да ја урбанизира.
Вистината е дека Градот Скопје инвестираше 33 милиони денари за целосно уредување на плоштадот и кровот на ГТЦ. При тоа, направен е плочник  со површина од речиси 5. 000 квадратни метри, изведена е патека за лицата со инвалидитет, поставена е и соодветна урбана опрема која подразбира оптимален број на клупи, канти за отпадоци, осветлување, атмосферска канализација и заштитни столпчиња што ќе го спречат непрописното паркирање и движењето на возилата. Исто така, се формирани и дрвореди од 22 повеќегодишни дрвја . Овој простор заедно со зелениот покрив на ГТЦ го претставуваат всушност новиот стандард за изгледот на јавниот простор во нашиот град . За реализацијата на овој проект од градскиот Буџет потрошени се околу 33 милиони денари со вклучен ДДВ.
Ниту една нова лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да го избриши нивното криминално и расипничко однесување додека беа на власт.
Денешните градски власти со домаќинско и одговорно однесување  вистински се грижат за јавниот простор, со цел поубав и пофункционален живот за сите граѓани.