СДСМ: Училиштето „Григор Прличев“ во Охрид тоне во долгови и влага

0
1137

Училиштето „Григор Прличев“ во Охрид е со блокирана сметка, со долгови од над 15 милиони денари. Учебната година започна, а се уште не е довршена ниту реконструкцијата на покривот на двете училишни згради, реагира СДСМ.

Опасноста од прокиснување на покривот при дождливо време претставува сериозен проблем кој предизвикува дополнителен стрес за родителите, учениците и наставниот кадар.

„Граѓаните на Охрид, родителите, учениците, не залужуваат ваков неодговорен однос. Не може да има 18 милиони евра за панорамско тркало а учениците во Охрид да учат во училиште без нормален покрив. За потсетување, пред две години (17.11.2014) градоначалникот, Никола Бакрачески јавно вети дека ќе го реши ова прашање. Денес, две години од даденото ветување, тоа се уште не е исполнето.

Градоначалникот и локалната власт не покажаа никаков интерес ниту грижа за потребите на охриѓани. Токму затоа треба да заврши времето на неодговорни и неспособни политичари. По демократските промени, новата и одговорна Влада предводена од СДСМ ќе направи ревизија на сите долгови во училиштата. Одговорност за недомаќинското работење мора да има. Охрид и Македонија ќе добијат современ образовен систем“, рече советникот Јован Стојановски.