СДСМ со реакција до ДПМНЕ: Девет години сте на власт и пак друг е крив за проблемите во Македонија?!

0
1085

sdsm640nasa

Сите институции се во рацете на власта на Никола Груевски.

После 9 години уште ли Груевски мисли дека може да се вози на приказната дека некој друг е виновен за состојбите во државата?!

Мора веднаш да се отворат истраги за сериозните насилни инциденти врз новинари, граѓани – критичари на власта, приврзаници на опозицијата.

Доколку Пешевски не поднесе оставка за тепањето сопственик на портал, доколку институциите не ги откријат сторителите на насилствата што резултираат со крвави глави, ќе се потврди дека власта е нарачателот.

СДСМ порачува дека сите што директно или индиректно учествуваат во насилствата врз граѓаните, многу брзо ќе се соочат со сопствената одговорност.