СДСМ СО ОСТРА ОСУДА ЗА ДИВЕЕЊЕТО ВО МНТ : Вандализмот, сторителите мора да понесат одговорност, а направената штета да биде надоместена

0
1031

СДСМ остро го осудува вандалскиот и насилнички чин во зградата на МНТ.

Недозволиво е  уништување на јавни објекти и срамно однесување во културни институции од страна на навивачки групи или поединци.

Сите сторители на срамниот чин мора да понесат одговорност, а секоја штета што ќе биде утврдена, да биде надоместена од страна на сторителите и организаторот.

Институциите мора да ги лоцираат и казнат сите виновници за ваквите испади.

Наместo да ги инструментализираат во дневнолитички цели, сите партии треба да го осудат вандализмот.

Како одговорна политичка партија апелираме граѓаните да се воздржат од насилничко однесување, а политичките субјекти да повикаат на смирување, а не на потткунување на вандализам и неперимено однесување.