СДСМ: Со над 8 милиони евра може да се изградат многу училишта, градинки, болници…

0
1201

Никола Груевски продолжува да се занимава само со луксузот и раскошот на барокните згради наспроти реалните потреби на граѓаните. За канцеларии на 180 административци воопшто нема потреба да се потрошат над 8 милиони евра, пари на граѓаните, се вели во реакцијата од СДСМ.

sdsm-1_0

„Ови простории за АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор може да се обезбедат со многу помалку пари, преку поскромен објект, современ и енергетски ефикасен, согласно најновите стандарди. Реалните потреби на граѓаните се нови училишта, градинки, современи болници. Со над 8 милиони евра можеа да се изградат многу училишта, градинки и болници со што вистински ќе им се помогнеше на граѓаните“, тврдат од СДСМ.