СДСМ: Слободанка Гошева Гиевска наградена со место во Телеком за послушноста на нејзината мајка во Уставниот суд?

0
2056

„Потврдено е дека партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се поврзани и со шемата за контрола врз медиумските курири.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Се уште нема одговори на прашањето дали оваа позиција во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главниот и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде газда е токму Жарко Луковски.

Значи медиумските курири се директно поврзани со фамилијарните инаталации во судството“, се вели во соопштението на СДСМ.