СДСМ ПРИЛЕП : Цената на водата за пиење во Прилеп останува иста, ВМРО-ДПМНЕ манипулира со граѓаните

0
1276

Почитувани,

Криминалната и антизападна ВМРО-ДПМНЕ, во обид да извлече ситни дневно – политички поени, повторно манипулира со граѓаните на општина Прилеп, мислејќи дека сто пати повторената лага ќе стани вистина.

Најпрво, ВМРО-ДПМНЕ свесно ја лаже јавноста дека новата локална власт ја зголемила цената за водата за пиење. Напротив, цената на водата за пиење останата иста и таа е пониска од цената која ја препорача Регулаторната комисија.

Второ, ВМРО-ДПМНЕ, знае дека станува збор за воведување на нова давачка за утврдување на висината на надоместокот за преичистување на отпадните води, затоа што таквата услуга ја предвиделе токму тие во Договорот за пречистителна станица, којшто во 2008 година го потпишале екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, тогашните министри за финансии и за животна средина и просторно планирање, Трајко Славески и Неџати Јакупи, како и поранешниот директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Методија Томески.

Проектот за пречистителната станица којшто претходниот градоначалник Ристески го нарекуваше историски и со кој самите предвиделе нова услуга за граѓаните, денес за ВМРО-ДПМНЕ е само тема за политичка манипулација со граѓаните.

СДСМ останува на дадениот збор дека граѓаните на Прилеп ќе добиваат чиста и здрава вода за пиење по непроменета цена.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп                                                                           06.03.2019