СДСМ ПОЧНУВА ОПЕРАЦИЈА ЗА РУШЕЊЕ НА МИЦКОСКИ, ВО ВМРО-ДПМНЕ ВЛАДЕЕ ОПШТА ПАНИКА!

0
809

Пишува Саше Ивановски Политико

Овие денови се случува нешто чудно на политичката сцена. Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски прави митинзи ширум земјата, држи мини митинзи во домови на култура и во своите говори ја споменува Левица и Апасиев?!?!!? До вчера СДСМ ја игнорираше Левица, ги множеа со нула, но овие денови има пресврт, зошто?!?!

Левица тоа го искористи и излезе со коментар дека Левица тежеле 200 000 гласачи на анкетите и СДСМ биле во паника, но се работи за нешто сосема друго. Имено, ова е операција за РУШЕЊЕ НА МИЦКОВСКИ И МНОЖЕЊЕ НА ВМРО ДПМНЕ СО НУЛА! Се работи за МАЕСТРАЛЕН ПЛАН НА БИХАЧКА КАКО ДА ЈА НЕУТРАЛИЗИРААТ ОПОЗИЦИЈАТА И ДА ОБЕЗБЕДАТ НОВ 4 ГОДИШЕН МАНДАТ ЗА ПРО ЗАПАДНИТЕ ПОЛИТИКИ И СТАВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА НА ШИНИ ПРАВАЦ БРИСЕЛ ОД КОЈ НЕМА ВРАЌАЊЕ!!!

За што станува збор? Имено, со таргетирање на Левица и Апасиев, СДСМ свесно го прогласува Апасиев за вистински лидер во опозицијата со прави дар мар на политичката сцена, американците за ова викаат КЛАСТЕРФАК или народски кажано ршум! Тотален распад систем се прави со ова во целата политичка сцена, целата динамика се става наопаку и се живо се распаѓа, последиците се тектонски пореметувања во позиционирањата на политичката сцена.

Со тоа што СДСМ свесно ја крева Левица на пиедестал, практично им прави ПР промоција и го напаѓа ВМРО ДПМНЕ кој ќе падне под број на гласови од Левица, односно Левица ќе има повеќе пратеници од ВМРО ДПМНЕ на следните избори?!?!! Со тоа СДСМ прави со еден удар два погодока – ем обезбедува власт за уште еден мандат ем го гази ВМРО ДПМНЕ и го прави македонски ПАСОК?!?!

Како ќе се направи тоа? Левица влегува во собрание со 25 пратеници а ВМРО ДПМНЕ со 20. НИКОЈ ОД АЛБАНЦИТЕ и другите малцинства нема да смее НИТУ ДА ПОМИСЛИ да прави влада со Левица која е отворено против НАТО, против ЕУ дури се и против рамковниот договор и против признавање на Косово?!?! Тоа е кошмар за секој албански политичар, секој албански политичар што ќе биде сликан на едно метро од Апасиев ќе треба да оди во егзил и да не се враќа дома во своето село или маало каде што живее ќе го бесат на крива крушка.

СДСМ ќе се постави тогаш КАКО ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА ако сакаме да имаме влада во нареден период! Мицковски ќе стане НЕБИТЕН за централната власт, а со овие тектонски пореметувања и на следните локални ЛЕВИЦА ЌЕ МУ ГИ ЗЕМЕ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ!!! ВМРО ДПМНЕ ќе почне да тоне се додека Левица или не прегори како феномен или не стане новото ВМРО ДПМНЕ како што во Грција Сириза стана новиот ПАСОК!

 Навистина храбар и генијален ПР потег и операција на СДСМ и на Бихачка, ова е готвено некаде во некоја западна амбасада, затоа што е во исто време доста ризичен потег затоа што Апасиев е лудак следен од гомила лудаци кои ќе предизвикаат многу тензии, ќе има многу галама, многу емоции, тоа ќе предизвика и многу потреси и митинзи и тепачки и каламутници, но сепак на крај сето тоа ќе заврши добро за државата. Сепак, таква е нашата судбина, сите подвизи се со голема мака, хаос, лудило, таква ни била судбината и помирени сме со тоа.