СДСМ ПОНЕДЕЛНИЧКИ СО ЖЕСТОКО СООПШТЕНИЕ ГИ ЗАЛУПА ВМРОВЦИТЕ : Криминалците од ВМРО-ДПМНЕ расипнички трошеа на мерцедеси, сега се купуваат амбулантни возила, институциите се борат со загадувањето!

0
1267

Соопштение за јавност

Лидерите во лажење, криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеа парите на граѓаните за да купуваат мерцедеси од близу 600.000 евра за да ги задоволат желбите на криминалецот Никола Груевски. Трошеа и стотици милиони евра на барок, луксуз, споменици и криминални тендери, додека градеа неплански и системски го уништуваа зеленилото.

Во 2019 година ќе се набават нови возила за брза помош, возила за инспекциските служби, ќе се опремуваат училиштата, студентските домови, факултетите, полициските станици, граничните премини, прифатните центри.

Борбата со аерозагадувањето стана стратешки приоритет на Владата предводена од СДСМ, за разлика од онаа на ВМРО-ДПМНЕ кога уништувањето на се што е здраво и зелено беше приоритет.

Со усвоениот План за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили.

Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ.

Скопје, 19.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА