СДСМ: Полицијата да го расветли инцидентот во Драчево, ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија

0
1257

„Очекуваме полицијата да го расветли инцидентот во село Драчево, во којшто е мавано со камења кон штаб на СДСМ.

Искршени се надворешни стакла. Според информациите од теренот, тоа се случило рано утрото, по полноќ.

Случајот е пријавен во полиција и во моментов се прави увид.

Порачуваме дека ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија.

Така избраа граѓаните. Ќе живееме во праведно и правично општество каде секој кој го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара“, се вели во соопштението на СДСМ.