СДСМ поднесува кривични за Миноски и за Бришковска

0
1064

СДСМ ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миноски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, затоа што Миноски, според нив, ја издал еврообврзницата противзаконски, а Бришковска наводно неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите кога е „договорено 450 милионското финансиско злосторство врз граѓаните“.

„Ова вчера лично го призна министерот за правда, Валдет Џафери. Миноски и Бришковска ја злоупотребиле службената должност, незаконски ги задолжија граѓаните на Македонија и ќе мора да понесат одговорност. Првиот како одговорен за самото издавање, втората како службено лице кое не било овластено да изврши определено дејствие“, велат од СДСМ.

Еврообврзницата од 450 милиони евра, според опозициската СДСМ е незаконска и затоа ќе продолжат да ја оспоруваат како законски јавен долг.

„Освен за Миноски и Бришковска и за останатите инволвирани учесници по разјаснувањето на причините за нивното учество во оваа незаконска постапка, ќе следат пријави“, додаваат од СДСМ.