СДСМ: Повлекувањето на Законот за владино рекламирање е победа на граѓаните

0
834

Повлекувањето на предлог закон за владино рекламирање под притисок на СДСМ и на јавноста е победа за сите оние кои сакаат во Македонија да има вистински слободни и независни медиуми, соопшти СДСМ.

„Владиното рекламирање долги години е еден од главните механизми со кои власта ги корумпира медиумите и ја купува поддршката од нивните газди за сметка на новинарските слободи и на штета на новинарската професија. Со парите на граѓаните власта со години си купува нарачани прилози во приватните медиуми и создава лажна слика за реалноста во земјата“, стои во партиското соопштение.

Граѓаните, според СДСМ, имаат право да бидат објективно информирани и да ја знаат вистината, а без слобода на изразување и без слободни медиуми не може да има демократија во Македонија.