СДСМ : Парламентарното мнозинство ќе ги заштити граѓаните од одмаздата на Груевски кон нив!

0
920

Мора да престанат блокадите и опструкциите што Никола Груевски и ги прави на Македонија за да се спаси од одговорноста за направените криминали.

Демократските процеси мора да продолжат онака како што е предвидено во Уставот, Деловникот и законите. Врвен интерес на граѓаните е да добијат нова реформска Влада, онака како што изгласаа!

Нормалниот живот и егзистенцијата на граѓаните, стабилноста на државата и функционирањето на државниот систем никој не смее да ги загрозува! И тоа е казниво дело!

Затоа Никола Груевски мора да престане да им се одмаздува на граѓаните и да ги вознемирува со непостоечки теми само затоа тоа што тие избраа нова власт во Македонија, а тој да замине во опозиција.

На сите им е јасно дека постои Програма на новата реформска Влада којашто ја гарантира унитарноста на државата, обезбедува квалитетен живот за граѓаните и во која не постои никаква промена на државните симболи.

Парламентарното мнозинство има обврска и должност да ги заштити граѓаните и државата и тоа ќе го направи. За секое евентуално попречување на мнозинската волја на граѓаните ќе следува одговорност!