СДСМ: Очигледно Тодоров одбрал со што поголеми лудости да си ја јакне позицијата во борбата за наследник на Никола Груевски

0
1015

Соопштение на СДСМ:

Никола Тодоров денеска се обиде да ги негира резултатите за загаденоста на водата во Дојранското езеро објавени од Центрот за јавно здравје Велес.

На овој начин Тодоров го доведува во директна опасност здравјето на граѓаните.

Најголемиот штетник во здравството, Никола Тодоров, треба да знае дека доведувањето во опасност на здравјето на граѓаните повлекува кривична одговорност.

Со ваквите небулозните изјави и несоодветни споредби Тодоров го продолжува лудилото на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да се оди на штета на граѓаните, без притоа ни малку да се мисли на тешките последици.

Констатирано е дека во водата во Дојранското езеро се наоѓаат екстремно високи концентрации на отпадни материи, фосфорни и азотни соединенија кои што ги надминуваат досега забележените концентрации на овие материи во кој било воден екосистем во земјата.

Очигледно Тодоров одбрал со што поголеми лудости да си ја јакне позицијата во борбата за наследник на Никола Груевски.