СДСМ: Обвинетиот Груевски за десет пати надгради и прошири лага на дил ориентед Пешевски

0
971

За обвинетиот Никола Груевски е одлично што дил ориентед соработникот Владимир Пешевски пред седум месеци ги излажа граѓаните на Демир Хисар, дека странска компанија ќе инвестира во Демир Хисар и ќе отвори 150 работни места, соопшти СДСМ.

„Обвинетиот Груевски денеска преку Фејсбук им ја ветува потполно истата компанија на велешани, со тоа што им најавува десет пати повеќе работи места од тоа што им го вети дил ориентед Пешевски на граѓаните на Демир Хисар.

Сè што е одлично за обвинетиот Груевски и фамилијата е катастрофа за граѓаните на Република Македонија.

За десетгодишното владеење на обвинетиот Груевски, Македонија го допре дното во регионот и Европа по странски директни инвестиции. 626.312 илјади луѓе досега принудно заминаа од родната земја во потрага по работни места и егзистенција“, се наведува во соопштението.