СДСМ : Новата реформска Влада ќе ја врати дневната евтина струја, парите ќе се враќаат во семејствата!

0
1123

Да не беа блокирани демократските процеси за формирање нова реформска Влада од Ѓорге Иванов и Никола Груевски, овој викенд граѓаните ќе имаа цел ден евтина викенд тарифа на струјата, и во сабота, и денеска, во недела.

Дневна евтина тарифа на струјата ќе имаше и секој работен ден, по два часа.

Граѓаните ќе можеа да ја контролираат потрошувачката на струја во рамки на евтината тарифа и на тој начин ќе заштедеа на сметките што ги плаќаат за струја.

Интерес на граѓаните е да имаат намалени трошоци за живот и од тие причини неопходно е итно и брзо да се овозможи формирање и работа на новата реформска Влада.

Новата Влада ќе ги насочи парите од Буџетот на Р.Македонија кон граѓаните и кон фирмите со цел да се раздвижи економијата, да се зголемат платите и бројот на новите работни места и тоа ќе значи зголемување и на квалитетот на живот на граѓаните.

Уште една од мерките за повеќе пари во семејствата е враќање на 15% од данокот на додадена вредност што граѓаните го плаќаат во потрошувачките сметки. Секој граѓанин ќе добие своја картичка на којашто ќе може да го евидентира повратот на 15% од ДДВ при секое ново пазарење во продавница.

Државата ќе им помогне прво на најзагрзоените. Семејствата со најнизок доход ќе бидат ослободени од плаќање на јавните услуги, а еднородителските семејства со пониска плата од просечната нема да плаќаат такса, јавен превоз, општински комунални давачки, надомест во градинка и основно училиште.

Ова се само дел од мерките коишто ќе придонесат кон достоинствен начин на живот на сите граѓани во Македонија.

На граѓаните им е итно потребна нова реформска Влада којашто ќе ги им го олесни животот.

Очекуваме во најбрзо време претседателот Заев да го добие мандатот и новата реформска Влада да почне со работа во интерес на граѓаните!