СДСМ: Никола, готово е бе човеченце, оди си!

0
1028

sdsm640nasa

Почитувани граѓани,

Никола Груевски се појави на местото на злосторот, во Штип, но не собра храброст да го изговори автопатот Миладиновци Штип,  ниту пак автопатот Кичево Охрид, преку коишто ги извозел граѓаните за неверојатни 25 милиони евра.

Многу изврте Груевски со познатите “ќе“ форми во денешниот говор, но изостанаа неизговорени “најимпозантните“ дела на “патриотот“ Никола Груевски:

На пример парцелите на Водно, до коишто Груевски со работа 24/7, качувајки се дури преку Белизе, си обезбедил имотна корист од 17 милиони евра;

Или “патриотскиот“ налог за рушење со динамит на 60-милионската инвестиција Космос;

Или “патриотските“ наредби за пиштоли во уста, “патриотските“ планови за “фамилии во ендек“, “патриотското“ маркирање подобни судии со “бројче“, “патриотските“ уцени за социјална помош, пензии, субвенции – загарантирани на луѓето со закон. Ги избегна “патриотот“ Груевски и “патриотските“ влечења “за уши“ и уште “попатриотските“ казни во илјадници евра, од кои на задоволство на “патриотот“ се “вриштело и пиштело“.

Врв на хипокризијата на Никола Груевски е неговата денешна најава за наводни повиски плати на униформираните и овластените лица во МВР, што треба да се реализира до 2017 година.

По студентите, наставниците, хонорарците, волонтерите, сточарите, клекна Груевски и пред оние кои ги користеше за партиски цели против сопствениот народ.

Се исплаши Никола Груевски од видливата поддршка за вистината, што е с¡ поочигледна во очите на сите овие луѓе и затоа единственото што му преостана е да шета од град во град и да се дообјаснува кој всушност бил тој.

Готово е Никола Груевски!

Какви странски служби, какви монтажи?! “Човечињата“ на кои им се смеевте одвратно и со цинизам, се спроти тебе. Во народ.

Сега ти си “човече“. Оди си “човече“! Немаш избор!

СДСМ го предупредува Никола Груевски, да не помисли да ги користи институциите за неговите црни сценарија, како што повеќе пати навестува, за да ја спасува сопствената кожа.