СДСМ: Нема инвестиции, само лопати, знаат граѓаните, а и Груевски

0
1030

Соопштение на СДСМ

За какви наводни инвестиции зборува Груевски, како таа од пред неколку дена во Пробиштип?

Лично Груевски на 29 јули лани вети дека во јули годинава ќе почне со работа фабриката Кранфилд Фаундри во Пробиштип којашто ќе отворела најмалку 280 вработувања.

Еве може да се прочита токму во весникот што тој го уредува:  http://vecer.mk/ekonomija/ruski-kranfild-faundri-investira-15-milioni-evra-vo-learnica-kje-vraboti-280-lica

Денеска истекува јули, фабрика во Пробиштип нема, вработувања нема.

Ги нема ни 5.000 вработувања во Ранковце и Крива Паланка, каде стои само пистата на којашто требаше да слета наводниот инвеститор.

Поради виртуелните инвестиции и виртуелните работни места, 626.312 граѓани ја напуштија Македонија, најголем дел од нив млади.

Овие погубни поолитики ќе запрат веднаш по следните фер и демократски избори. Следната влада предводена од СДСМ, ќе обезбеди реални и платени работни места.

Со Груевски е готово.