СДСМ : На снимките се тајкуните што ги создаде ВМРО ДПМНЕ

0
1217
Владејачката СДСМ бара истрагата да ги лоцира сите вмешани во случајот Рекет, а институциите брзо да делуваат за целосно расчистување до крај, за сите кои се инволвирани во овој случај да понесат одговорност.

-Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. Тајкуните што ги создаде режимот, помогнати од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата, да не се донесе закон за ЈО, да се претстават како жртви и да се спасат. Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како и лицата кои ги објавуваат материјалите. Тоа се шемите на Никола Груевски. Секој што се надевал дека со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите за да не бидат предмет во судска постапака и ќе се спаси од вина се излажал, се вели во соопштението од СДСМ.