СДСМ му порача на Црни Грујо : Груевски е изолиран политичар, ниту едно лобирање за негова амнестија нема да му помогне да се спаси од одговорност!

0
1346

Пораките во Резолуцијата усвоена од Европската народна партија се уште еден доказ дека Груевски е изолиран политичар која ја изгуби довербата од сите значајни меѓународни политички субјекти. Пораките содржани во Резолуцијата го осудуваат сè она што Никола Груевски и го прави на Македонија.

Европската народна партија јасно стави до знаење дека не толерира корумпирани политичари и корупциски скандали, дека ги осудува провокациите и агресивното однесување кое претставува закана за мирот и стабилноста и истовремено повика на воздржаност од етнички провокации.

И Резолуцијата на Европската народна партија, како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и Иванов да престанат со непресметливото однесување кое ги загрозува државните и национални интереси на Македонија и интересите на граѓаните.

Демократските процеси се незапирливи, следува избор на нов претседател на Собранието, доделување на мандатот и нова реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.