СДСМ МУ ОДГОВОРИ НА ВМРО-ДПМНЕ : ИЗБОРИ ЌЕ ИМА НАС КОГА ЌЕ НИ ТЕКНЕ, ЌЕ ИМА И ТОА РЕДОВНИ ВО 2024 ГОДИНА

0
1064

Експертизата на ВМРО-ДПМНЕ се криминалот и корупцијата. Тоа е потврдено со бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број функционери од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ по повиците на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори и предлогот да се формира експертски тим од опозицијата којшто би и помагал на власта во справувањето со кризите.

-Таму, пред судовите треба раководството на ВМРО-ДПМНЕ да дава своја експертиза.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно однесување, Мицкоски ја покажува својата немоќ и безидејност.

Избори ќе има во 2024 година и тоа е затворено прашање, велат од партијата.