СДСМ: Мали се шансите за Договорот од Пржино да се реализира

0
1042

Мали се шансите за Договорот од Пржино да се реализира, брифираат извори од СДСМ за новинската агенција „Мета“. Оттаму велат дека билатерални средби со партиите има иако притисокот е повеќе насочен кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, ако и нешто се случи во последен момент, од опозициската партија не знаат дали тоа ќе значи и одложување на изборите закажани за 24 април со Договорот од Пржино.

– Не сме побарале одложување на изборите и не сме го отвориле ова прашање. Странците навестуваат таков чекор, но засега не сме разговарале за тоа – изјави за „Мета“, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

На новинарско прашање упатено до портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на саботната прес-конференција за тоа каков е ставот на СДСМ за одложување на изборите, тој одговори дека во интерес на Република Македонија е да има фер и демократски избори.