СДСМ: Луѓето во ад хок телото немаат никаква партиска обоеност

0
940

По јавниот повик што го објави Социјалдемократскиот сојуз пристигнаа повеќе од 20 кандидатури за избор во ад хок телото, соопшти партијата.

„Им се заблагодаруваме на сите што пројавија интерес. Сите кандидатури беа од личности со исклучителен квалитет, познавање и искуство од сферата на медиумите и професионалното известување. Тие беа критериумите за избор, долгогодишно професионално и работно искуство, како и подготвеност за целосна посветеност во предизвикот за овозможување на подеднакви услови за медиумско претставување на сите политички субјекти и објективно информирање на јавноста за претстојните предвремени парламентарни избори.

Овие луѓе немаат никаква партиска обоеност. Ве уверуваме дека и идниот уредник на информативната програма на МТВ ќе биде независен и непартиски, искусен, докажан и почитуван новинарски професионалец.

Со ваквиот начин на избор и назначување СДСМ докажува дека како идна власт целосно ќе ги департизира и професионализира контролните тела и институциите што ја регулираат медиумската сфера, што всушност го докажа и со гласање на законот за реформи во медиумите во Собранието предложен од релевантни новинарски здруженија и организации, во согласност на предлозите на меѓународната заедница.

Сигурни сме дека Костовски и Трпеновски како докажани професионаллци за коишто секогаш интересот на јавноста е врвен приоритет со успех ќе одговорат на овој исклучително сериозен и одговорен предизвик“, се наведува во партиското соопштение.