СДСМ : Лажна вест е дека Шилегов лани купил стан, доаѓа вистината како се богателе Груевски и режимот!

0
1220

Соопштение за јавност

Во Македонија ќе има правда и сите кои се збогатиле на криминален и незаконски начин ќе одговараат.

Граѓаните знаат дека криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години се богати со злоупотреба на нивни пари од Буџетот, а за тоа не реагираат окупираните институции од оваа партија.

Граѓаните исто така знаат дека истите тие институции веднаш ќе реагираа ако имаше што било незаконско поврзано со претставниците од СДСМ, со чии имиња манипулира ВМРО-ДПМНЕ .

Лажните вести од ВМРО-ДПМНЕ не поминуваат повеќе бидејки преставиците на СДСМ својата имотна состојба ја имаат пријавено транспарентно, согласно законите.

Конкретно, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, за станот за којшто лажеше денеска Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ дека бил купен лани, има јасно наведено во Анкетниот лист дека е наследство од родителите на неговата сопруга.

Но граѓаните очекуваат и брзо ќе добијат одговори на други клучни прашања што се поврзани со трошења нивни пари.

Како поранешниот премиер Никола Груевски успевал лично да штеди по 10.000 евра месечно, во време кога неговата плата од околу 1.500 евра му била единствен приход?

Како со истата таа плата Груевски успеал да купи милионски плацеви на Водно, за што слушна цела јавност од проектот Вистината за Македонија и каде се тие плацеви во неговиот Анкетен лист?

Како Никола Поповски дошол до стан од 13.800.000 денари во Белгија? Зошто во време на безработица, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ имаат по две работни места: Емил Димитриев е и премиер и пратеник, Канческа Милевска е и министерка и пратеничка, Никола Тодоров е и министер и пратеник. Антонио Милошоски е и пратеник и нотар…

Над 612.000 граѓани избраа промени и гласаа против корумпираните политичари и режимот на Никола Груевски. Затоа ќе има нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе работи чесно, отчетно и транспарентно, а за сите злоупотреби на нивните пари и интересите ќе покрене одговорност!