СДСМ: Куририте лажат зa СЈО за да го спасат обвинетиот криминалец Груевски

0
1010

Соопштение на СДСМ:

Курирските медиуми повторно одработуваат за власта на обвинетиот Никола Груевски пласирајќи шпекулации кои немаат апсолутно никаква врска со вистината. Намерите им се да го дискредитираат СЈО зашто знаат какви криминали правеле и знаат дека правдата ги стига.

Со објавување наслов кој на никаков начин не е поткрепен во текстот, куририте прават тешка клевета за наводна поврзаност на СДСМ и СЈО, и за наводно финансирање на кампањата со пари од обвинителството. Сите овие медиуми ќе мора на суд да објаснат зошто ги пишуваат овие лаги.

Обвинетиот Груевски е во голема паника и како се приближува 11 декември, денот на неговиот тежок пораз, така се поочајно ги злоупотребува неговите медиумски слуги и ги тера дополнително да заглавуваат во обид да го спасат.

За него нема спас, казната доаѓа!