СДСМ: Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ инсталирано во ЕЛЕМ лаже за струјата

0
915

„Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ инсталирано во ЕЛЕМ е фатено во злоупотреби врз граѓаните на Република Македонија.

Во прилог на ова соопштение ви испаќаме извадок од Извештај на Регулаторната комисија за енергетија којшто покажува дека ТЕЦ Осломеј во 2016 година произвел само 8 проценти од струјата што ја произведувала комнанијата во 2006 година!

timthumb (1)

Во 2017 годиниа ТЕЦ Осломеј има произведено 0 мегават часови струја! Не работи ни ТЕЦ Неготино, а РЕК Битола не произведува струја со полн капацитет.

Да работеа ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, и стабилно да работеше РЕК Битола, граѓаните немаше да мора да платат огромни 4.2 милиона евра за струја од увоз, за само две недели!

Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ инсталирано и во ЕЛЕМ се вознемири дека станува јасно за чии интереси е уништено домашното приузводство на струја, за Македонија да мора да увезува скапа струја.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во име на енергетските компании, како и со сите измислици внатре, е директно признание дека енергетските компании се под контрола и во служба на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните гласаа за промени и за нова одговорна Влада којашто ќе го крене домашното производство на струја и ќе се грижи за нивните потреби. За сите штети врз граѓаните ќе има одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.