СДСМ : КОВАЧКИ НЕ САМО ШТО ЈА НАПУШТИЛ АРМ ТУКУ ИМА И КРИВИЧНА ПРИЈАВА, ТОЛКУ Е ОЧАЕН МИЦКОСКИ

0
521

Соопштение за јавност

Фатени со рацете во медот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нервозно објавуваат лаги и манипулации за претседателот Ковачевски.

Колку е очаен шпицниот градоначалник Мицкоски, покажува примерот со Драган Ковачки.

Еве зошто Мицкоски го одбрал Ковачки за пласирање на невистини и манипулации.

Прво единствен воен дезертер на политичката сцена е Драган Ковачки.

Ковачки беше Полковник во АРМ но политички дезертираше и ја напушти Армијата за да му слугува на Мицкоски како пратеник.

Дополнително јавноста треба да знае дека против Драган Ковачки има и Кривична пријава, за фалсификување исправа.

Кривичната протв Ковачки е поднесена до Судот во Делчево од страна на СВР Делчево, неговиот роден град. Иако станува збор за дело направено пред неколку години тоа многу говори за матрицата и кредибилитетот на Ковачки.

Ете до толку е очаен Мицкоски.