СДСМ И ДУИ НОСАТ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗОНАТА ВО САРАЈ ,,One Cable” ПРОИЗВЕДУВА БАКАРНИ КАБЛИ И ПВЦ ГРАНУЛАТ

0
674

Економската активност во земјава расте и во услови на пандемија, а приватните инвестиции, како оваа, се потврда за довербата што ја градиме со бизнис заедницата и за предвидливиот, стабилен деловен амбиент за вложувања, рече премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „One cable“ за производство на кабли во индустриската зона „Сарај“.

„One cable“ произведува бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија. Се работи за инвестиција од три милиони евра која моментно вработува 30 висококвалификувани кадри. Производите на компанијата се пласираат на домашниот пазар и во наколку земји од странство.

– Оваа инвестиција, на „One cable“, е охрабрена токму од поддршката што ја дава Владата – подвлече премиерот.

Со него на промоцијата на инвестицијата бea и првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, градоначалниците Петре Шилегов и Блерим Беџети.

Пред присутните се обрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.