СДСМ : ЕХЦИ ги откри лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е прва по лошо здравство со смртни последици!

0
965

Реакцијата на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не можат повеќе со лажни вести да ја кријат вистината што ја откри Европскиот здарвствен порошувачки индекс (ЕХЦИ).

Македонија заедно со Романија е на прво место по лоши резултати во здравството, со смртни последици по здравјето на граѓаните. Во прилог е графиконот од истражувањето на најрелевантното истражување за здравствените системи за Европската комисија, кое што ја рангира Македонија на 34 место по лоши здравствени резултати, од вкупно 35 европски земји!

Македонија  e прва во Европа по тоа што не може да се справи со смртност од мозочни удари. Сите земји од регионот се подобри од Македонија кога станува збор за намалување на смртноста од мозочни удари.

Македонија е втора во Европа по смртност на доенчиња!

Македонија е трета во Европа по најлоша стапка на преживувавње на болните од рак!

Македонија е меѓу земјите со најголем процент на граѓани кои страдаат од депресија!

За овие факти, криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор, бидејки знае дека граѓаните избраа нова одговорна Влада која ќе ги преиспита лошите здравствени политики и за сите последици од тендер политиките ќе има одговорност.Графици (1)Графици (3)Графици (3)(1)Графици (4)Графици (5)