СДСМ : ЕДНА ГОДИНА СТРАТЕШКИ ДИЈАЛОГ, САД СТОЈАТ РАМО ДО РАМО СО МАКЕДОНИЈА

0
507

По повод една година стратешки дијалог меѓу Македонија и САД уште еднаш е нагласена големата, силна и конкретна поддршка од САД за следниот чекор во европските интеграции.

САД отсекогаш биле и секогаш ќе бидат постојан поддржувач и најголем пријател. Стојат рамо до рамо со Македонија во постигнување на целите за безбедност, просперитет и можност во рамки на европската заедница.

Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во регионот, а сега е моментот сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата.
САД очекуваат дека сите политички лидери ќе го имаат предвид актуелниот контекст на случувања и дека во таа насока ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието.

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на Европа, со европски квалитет на живот и европска иднина за младите.