СДСМ: ДИК да ја образложи апсурдната одлука да не се проверуваат 124.000 гласачи

0
846

Државната изборна комисија (ДИК) треба да им ја образложи на граѓаните апсурдната одлука со која над 124 илјади сомнителни гласачи нема да се проверуваат одлука на граѓаните, бара СДСМ.

Во соопштението по повод одлуката на ДИК, СДСМ вели дека тоа не е во согласност со принципиелната борба што ја води за вистината и правдата.

СДСМ потсети дека ДИК со консензус усвои методологија за прочистување на избирачкиот список.ДИК исто така со консензус усвои извештај во којшто има повеќе од 310.000 сомнителни гласачи, а сега донесе апсурдна одлиука.

СДСМ инсистира на темелна проверка на сомнителните записи во избирачкиот список, за да може сите фантомски гласачи, недоследности, проблематично внесени податоци да се избришат и на тој начин да се врати довербата на граѓаните во Избирачкиот список.

„Овој состав на ДИК не смее да дозволи сомнеж во избирачкиот список и има обврска, согласно законот, целосно да го прочисти.Граѓаните и Македонија заслужуваат целосно прочистување на избирачкиот список затоа што само со целосно прочистување на избирачкиот список може да има регуларни избори.Граѓаните ги очекуваат промените на следните фер и демократски избори на коишто ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ Избирачкиот список е полн со стотици илјади спорни и фантомски гласачи што го потврдува изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски до вчера тврдеа дека ќе поддржат проверка и на 2 милиони гласачи во избирачкиот список и повторно излажаа.Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, бегаат од целосна теренска проверка на избирачкиот список“ се додава во соопштението.