СДСМ: Дали министерот за правда, Џафери се плаши од неговата заменичка Бришковска?

0
1143

Зошто министерот за правда Валдет Џафери втор ден молчи дали Министерството за правда издало правно мислење за правната важност на еврообврзницата од 450 милиони евра? На конференциската врска одржана во понеделникот со кредиторите присуствувала заменик министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Бришковска. Дали Бришковска имала овластување од нејзиниот претпоставен, министерот за правда Џафери, да присуствува на состанокот како претставничка на Министерството за правда Џафери или таа на состанокот неовластено и лажно се претставила, велат од СДСМ.

„Согласно Законот за јавен долг министерот за Правда е должен да издаде правно мислење. Министерот за финансии тврди дека такво мислење е издадено, но министерот за Правда молчи. Тоа значи најмалку две работи. Или дека Џафери потпишал и ја крие заменичката Бришковска, со што и ДУИ е соучесник во финансиското злосторство. Или на министерот за правда му е наложено да го крие неовластеното присуство на заменичката од ВМРО-ДПМНЕ. Од кого и за каква против услуга е друго прашање. Одбројани се деновите на криминално – корупциската власт на Никола Груевски, којашто ќе биде казнета од граѓаните на следните регуларни избори. Сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе одговараат“ велат од партијата.